Денот на планетата Земја како потсетник: зелената мисија на MINT во Битола

На Денот на планетата Земја не зборуваме само за иднината, се навраќаме и на чекорите што веќе сме ги направиле. А за MINT Fintech Group, тие чекори цветаат. Во буквална смисла на зборот “цветаат“.

Нашата приказна со магнолиите не започна денес. Таа расте веќе со години тивко, но моќно низ Битола. Секоја засадена магнолија е повеќе од дрво. Таа е симбол на посветеност, континуитет и љубов кон градот што го нарекуваме дом.

Од првите садници кај Градскиот часовник, преку паркот во Довлеџик, па сè до новите зелени точки околу Офицерскиот дом – MINT гради жива мрежа на зелени симболи низ Битола. Проект што расте заедно со нас. Проект што станува традиција.

Инспирацијата доаѓа од длабоките корени на градот, од легендарната магнолија која ја имало во дворот на познатиот битолски трговец Иконому. Според народните верувања, магнолијата носи мир, просперитет и хармонија – вредности што се вградени и во нашата компанија.

Денес, на Денот на планетата Земја, не садиме само нови дрвја, садиме потсетник. Потсетник дека одржливоста не е тренд, туку одлука. Дека технологијата и природата можат да растат заедно. И дека вистинскиот успех се мери не само во бројки, туку и во вредноста што ја оставаме зад себе.

Магнолиите на MINT се повеќе од проект. Тие се жива приказна што секоја година добива ново поглавје.

MintApp нуди напредни решенија кои го поедноставуваат и подобруваат вашето секојдневно управување со финансии. Со иновативни функционалности и безбедни технологии, оваа апликација го носи финансирањето на следното ниво.

mint_app