Потребите на малите и средни компании во фокус на обраќањето на Јошевски во Сараево на започнувањето на SAFE програмата

Никола Јошевски, претседател на Групацијата на небанкарски финансиски институции при Стопанската комора и генерален директор на МИНТ Финтек Групација, на 11 ноември ќе учествува на регионален панел во Сараево, во рамки на официјалното започнување на иницијативата SAFE.

Во фокусот на неговото обраќање ќе бидат пристапот до поповолни извори на финансирање, механизмите за споделување на ризикот и соработката со европските финансиски институции. Посебно внимание ќе биде посветено на поддршката за малите бизниси што имаат потенцијал за раст, но поради недоволно обезбедување или кратка кредитна историја потешко доаѓаат до банкарско финансирање.

Заедно со претставници на микрофинансискиот сектор од регионот на Западен Балкан, Јошевски ќе разговара и за можностите за развој на женското и младинското претприемништво, руралните бизниси и инвестициите во дигитализација и енергетска ефикасност.

SAFE е регионална иницијатива поддржана од Европската комисија и Cassa Depositi e Prestiti, а спроведувана од Banca Etica. Преку финансиска и техничка поддршка за локалните микрофинансиски институции, таа има цел да го подобри пристапот до финансии за микро, малите и средните претпријатија во шест земји од Западен Балкан, меѓу кои и Северна Македонија.

Учеството е резултат на повеќегодишната меѓународна соработка на Групацијата и на контактите остварени за време на МикроБалканс 2026, продолжувајќи го дијалогот за партнерства што можат да донесат конкретни можности за домашните претприемачи.

MintApp нуди напредни решенија кои го поедноставуваат и подобруваат вашето секојдневно управување со финансии. Со иновативни функционалности и безбедни технологии, оваа апликација го носи финансирањето на следното ниво.

mint_app