Mint FinTech Group – Компанија со највисок ребрендинг раст во 2024

Mint FinTech Group е добитник на наградата за „Компанија со највисок ребрендинг раст во 2024“ – доделена од Vrabotuvanje.com.

Но, ова не е само награда за ново лого. Ова е признание за тоа што ја сменивме суштината.

Некогаш менуваме боја. Овојпат – си го сменивме пулсот.

Ребрендирањето не е шминка. Тоа е кога компанијата почнува да зборува

со нов тон, а луѓето внатре го препознаваат како свој.

Вистинската трансформација не се гледа на билборди, туку на состаноци, во канцеларии, во Slack.

Затоа ова признание не го носи некој дизајнер – туку тимот.

Нашиот HR менаџер Бујар Драла вели:

„Кога културата и вредностите се живеат – тогаш и промените добиваат душа.“

Благодарност до сите што ја носат оваа промена.

Оваа награда е ваша. И допрва ќе покажеме што значи бренд што расте одвнатре.