На свечен настан кој се одржа во UTOPIA private business club, Минт Финтек Групацијата беше почестена со признание за нашата поддршка и партнерство во последното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Признанието го врачи Симеон Мони Дамевски, директор на фестивалот.
Настанот, кој ги собра сите спонзори и поддржувачи на фестивалот, беше одлична можност да се потврди успешната соработка и значајната улога на бизнис заедницата во поддршката на уметноста и културните настани.
Минт Финтек Групацијата, со својата посветеност на иновации и напредок, гордо стои зад визијата на фестивалот за истакнување на уметноста на филмската камера и поддршка на филмската индустрија во регионот. Ова признание претставува поттик за идни заеднички проекти кои ќе ги поврзат технологијата и културата во нови и возбудливи форми.