MINT Fintech Group со Божикна поддршка за две семејства: Празнична грижа што прави разлика

Празничните денови се време кога човечката блискост и солидарност добиваат посебно значење. Во тој дух, MINT Fintech Group и оваа година реализираше хумани активности, обезбедувајќи поддршка за две семејства во Струмица и Велес.

Поддршката за семејството Весеви од Струмица вклучуваше целосно затворање на нивната финансиска обврска во износ од 131.505 денари, како и бадникова корпа, таблет уред и ваучер за спортска опрема во вредност од 10.000 денари. Оваа помош е насочена кон олеснување на секојдневието и создавање подобри услови за нивното 17-годишно дете со аутизам.

Втората донација реализирана во Велес, за семејството Кузманови. Во рамки на поддршката, компанијата обезбеди целосно затворање на нивната обврска во износ од 104.484 денари, како и мобилен апарат во вредност од околу 12.000 денари, со цел да се олесни нивното секојдневно функционирање.

Овие активности се дел од континуираниот ангажман на MINT Fintech Group да биде поддршка на своите клиенти и на пошироката заедница, со верба дека вистинската вредност на успехот се мери преку грижата за луѓето.

MintApp нуди напредни решенија кои го поедноставуваат и подобруваат вашето секојдневно управување со финансии. Со иновативни функционалности и безбедни технологии, оваа апликација го носи финансирањето на следното ниво.

mint_app