МИНТ Финтек Групација со прво место во женска екипна конкуренција на ТРЧАЈ БЕ

Тим вработени на МИНТ Финтек Групацијата беа дел од годинешното издание на ТРЧАЈ БЕ во Битола, а женскиот тим на компанијата го освои првото место во екипна конкуренција.

На трката, која годинава собра над 1.500 учесници од 18 земји, МИНТ настапи со еден од своите најбројни тимови досега, претворајќи го учеството во вистинска демонстрација на тимски дух, енергија и заедништво.

Посебен успех забележа женскиот тим на МИНТ, кој го освои првото место во екипна конкуренција, резултат кој за компанијата има значење многу поголемо од спортскиот пласман.

„Движењето напред е дел од начинот на кој размислуваме како компанија. Во финтек индустријата тоа значи постојано да се развиваме, да воведуваме нови решенија и да бидеме чекор пред промените. Но вистинскиот напредок започнува од луѓето. Горди сме што наши колеги застанаа на стартната линија, а особено на женскиот тим кој со своето прво место покажа што значат посветеност, дисциплина и тимска енергија“, велат од МИНТ Финтек Групацијата.

МИНТ годинава беше и Official Time Keeper на ТРЧАЈ БЕ, продолжувајќи го партнерството со една од најголемите тркачки манифестации во земјата. Компанијата беше дел и од визуелниот концепт на годинешната футуристичка кампања, обезбедувајќи го електричното возило користено во официјалната фотосесија на трката.

За МИНТ, поддршката на спортот е дел од пошироката корпоративна култура која ги поттикнува активниот и здрав начин на живот, личниот развој и создавањето силни тимови.

Бидејќи без разлика дали станува збор за технологија, бизнис или трчање, напредокот има една заедничка карактеристика: се случува само кога продолжуваме да се движиме напред.

MintApp нуди напредни решенија кои го поедноставуваат и подобруваат вашето секојдневно управување со финансии. Со иновативни функционалности и безбедни технологии, оваа апликација го носи финансирањето на следното ниво.

mint_app