Топ 5 најследени криптовалути оваа есен

Дали некогаш сте се запрашале зошто некои криптовалути одеднаш паѓаат, а други добиваат на цена и внимание? Што прави еден токен да стане „звезда“ на пазарот преку ноќ? Вистината е дека крипто светот е динамичен, непредвидлив и понекогаш дури и хаотичен. Оваа есен вниманието се врти околу неколку клучни криптовалути. Токму затоа преку крипто берзата на Mint App, може да ги следите криптовалутите и пазарните движења во реално време. 

 

1. Биткоин (BTC) 

Без разлика дали цената расте или паѓа, Биткоин секогаш останува во центарот на вниманието. Како симболот на криптовалутите, тој е “златниот стандард” на крипто пазарот и често се користи како индикатор за расположението на инвеститорите. Дури и кога цената се менува на Биткоинот, интересот никогаш не опаѓа. Оваа есен повторно е во фокус.

2. Етереум (ETH) 

Зошто токму Етереум секогаш ја добива титулата „втора најважна“ криптовалута? Одговорот е едноставен: Етериум одамна не е само валута, тој е платформа која овозможува децентрализирани апликации, NFT проекти и паметни договори. Оваа есен, ETH повторно се спомнува поради очекуваните надградби што треба да ја подобрат брзината и ефикасноста на мрежата. 

3. Солана (SOL) 

Солана е позната по својата неверојатна брзина – до 65.000 трансакции во секунда и ниските трошоци. Енергичниот развој на Солана ја прави една од најпопуларните платформи за децентрализирани апликации и NFT пазари. Сепак, честите прекини на мрежата и техничките предизвици остануваат прашање кое ја дели крипто заедницата.

4. Рипл (XRP) 

XRP е фокусирана на брзи меѓународни плаќања и трансфери помеѓу банки. Инвеститорите и љубителите на криптовалути внимателно гледаат кон XRP, бидејќи секоја нова вест може да предизвика скок или пад во цената. 

5. BNB (Binance Coin) 

BNB е повеќе од обична криптовалута – тоа е горивото на екосистемот на Binance, најголемата крипто берза во светот. Иако Binance се соочува со предизвици и регулаторни прашања во различни земји, интересот за BNB не стивнувa.

 

Зошто криптовалутите толку често добиваат и губат вредност?

  • Понуда и побарувачка – ако многу луѓе сакаат да купат – цената расте, ако многу продаваат – паѓа.
  • Вести и социјални мрежи – објави од познати луѓе или вести за хакерски напади често ја менуваат вредноста.
  • Правила и закони – кога некоја држава ќе воведе нов закон за крипто, тоа влијае на пазарот.
  • Проектите зад криптовалутите – ако некој проект не се развива како што треба, луѓето ја губат довербата.

 

Крипто берза на Mint App

Mint App овозможува следење на крипто пазарот во реално време – без потреба од инвестирање. Ова е совршено за почетници и оние кои сакаат да останат информирани пред да донесат финансиски одлуки. Mint App ве ослободува од стресот и сложеноста, а притоа ве држи во чекор со најновите птомени на крипто .

Mint App е вашиот прозорец кон светот на криптовалутите од најновите вести до реализам во цените, сè на еден местo. Следете ги вашите омилени криптовалути оваа есен и бидете чекор пред сите со Mint App!

 

Совети за паметно следење на крипто пазарот

  • Користете апликации како Mint App за следење наместо да се залетувате во тргување без доволно информации.
  • Не гледајте само моментални скокови или падови – важно е да го следите долгорочниот тренд.
  • Останете во тек за да избегнете ненадејни изненадувања.
  • Обидете се да ги разберете влијанијата од глобални настани и регулаторни одлуки на пазарот.
  • Користете ги податоците за да ги споредите различните криптовалути и да останете информирани за нивниот развој.

 

Следете ги криптовалутите преку Mint App

Оваа есен, крипто сцената е поинтересна од кога било. Од стабилниот Биткоин, преку иновативниот Етереум, до динамичните Солана и Рипл, пазарот е полн со можности, прашања и предизвици. Ако сакате да останете во тек со криптовалутите, клучот е навремената информираност. Преземете ја Mint App и следете ги криптовалутите кои ја диктираат агендата на крипто пазарот оваа есен.

MintApp нуди напредни решенија кои го поедноставуваат и подобруваат вашето секојдневно управување со финансии. Со иновативни функционалности и безбедни технологии, оваа апликација го носи финансирањето на следното ниво.

mint_app