Подготвени сте за најновиот Mint App апдејт? Нашата ажурирана верзија е тука и носи новитети кои ќе ви го олеснат секојдневието. Брза, модерна и безбедна – апликацијата е дизајнирана да ви овозможи целосна контрола врз вашите финансии, секогаш и секаде.
Што е ново?
- Ажурирање на апликацијата – корисниците кои сеуште ја немаат ажурирано апликацијата може тоа да го направат на Google Play Store или Apple Store.
- Лесно аплицирање за Минт Visa – сите кои сè уште немаат картичка, можат да поднесат апликација директно преку Mint App, едноставно, брзо и лесно.
- Сè на едно место – корисниците можат да ја следат состојбата на сметката и историјата на трансакции во реално време.
- Бесплатен преглед на сите трансакции – корисниците кои имаат Минт Visa картичка, откако ќе ја ажурираат ќе имаат целосен увид во нивните трансакции
- Подобрен интерфејс и перформанси – за уште поефикасно и полесно користење.
Секојдневното управување со финансиите отсега е поедноставно од кога било. Од следење на трошоци до аплицирање за нова картичка – сè што ви е потребно е во вашиот мобилен телефон.
Во Mint Fintech Group постојано инвестираме во дигитализација и иновации за да ги задоволиме потребите на нашите корисници. Затоа, Mint App не е само апликација – туку ваш личен асистент за финансии.
Ажурирајте ја или преземете ја Mint App (Android и iOS) и откријте ново ниво на удобност, брзина и сигурност. Финансиите никогаш не биле поедноставни.