Годишниот пролетен тим-билдинг како стратегија за градење доверба, преку комбинација од спорт, традиција и автентични локални искуства.

МИНТ Финтек Групацијата и оваа година го реализираше својот традиционален пролетен тим-билдинг, продолжувајќи ја праксата секоја година да избира различна локација и концепт што оди подалеку од класичните корпоративни формати.
Овојпат, изборот падна на Охрид и неговата околина, со идеја да се спојат динамиката на спортот и ритамот на локалната гастрономија и винска култура. Викендот започна во Хотел Белви, каде што беше организиран интерен тениски турнир, како симболичен вовед во концептот на здрава конкуренција и тимска енергија.
Програмата продолжи во Винарија Манастир во селото Опеница, една од поновите вински дестинации во охридскиот регион, каде што тимот имаше можност да учествува во активности што ја комбинираат традицијата со современото искуство…варење ркаија, месење мазници, подготовка на месо под сач, како и дегустација на вина и ракии во автентична средина.

Како дел од искуството, учесниците создадоа и сопствени етикети за ракија, што на симболичен начин ја отсликува идејата дека вредноста не се консумира само, туку и се создава.
„За нас, тим-билдингот не е изолиран настан, туку дел од поширока стратегија за градење култура. Секоја година свесно избираме различен контекст во кој тимот ќе функционира надвор од вообичаените улоги. Токму во тие ситуации се создава довербата што подоцна се рефлектира и во работата,“ истакнуваат од МИНТ Финтек Групацијата.

Викендот заврши со заедничка вечера и неформална вечерна програма, заокружувајќи го искуството што, според компанијата, има јасна цел да создаде простор каде што професионалната синергија се гради преку лична поврзаност.
Со вакви иницијативи, МИНТ Финтек Групацијата продолжува да инвестира во развој на својата организациска култура, препознавајќи дека современите компании не се дефинираат само преку резултати, туку и преку начинот на кој ги градат своите тимови.
