
На Светскиот ден на волонтерите, ден посветен на луѓето кои секојдневно го менуваат светот со свои дела, MINT Fintech Group силно ја истакнува својата поддршка за иницијативите кои градат похумано, поврзано и инклузивно општество.
Токму денес, кога се одбележува посветеноста кон заедницата, со гордост ја поздравуваме реализацијата на новиот Дневен центар за стари лица со активно стареење во Битола, проект поддржан преку грант од Светска банка, во партнерство со Општина Битола и Општинската организација на Црвениот крст Битола кој се отвори деновиве, а MINT Fintech Group е еден од поддржувачите.

Овој центар претставува современа социјална услуга насочена кон најстарите сограѓани: простор во кој стареењето значи достоинство, активност, грижа и превенција од социјална изолација. Центарот обезбедува поддршка која има за цел да го зачува квалитетот на живот, да го намали ризикот од вонсемејна заштита и да создаде заедница во која секој човек без оглед на годините има свое место и поддршка.
Како компанија која верува дека технологијата е најсилна тогаш кога служи на луѓето, MINT Fintech Group ја поддржува оваа иницијатива како дел од својата мисија креирање системи и услуги што го подобруваат секојдневието, ги унапредуваат локалните заедници и создаваат одржливи модели на грижа.

„Поддршката на вакви проекти не е само дел од нашата стратегија, туку дел од нашата идентификација како компанија. Во време кога населението старее и потребите растат, сметаме дека е наша должност да инвестираме во решенија кои го штитат достоинството и здравјето на постарата популација. Овој центар е доказ дека вистинските промени се случуваат кога институциите, стопанството и волонтерите делуваат заедно“ – велат од MINT Fintech Group.
Денес, на денот кога се слави волонтеризмот, MINT Fintech Group упатува јавна благодарност до сите волонтери на Црвениот крст Битола и низ државата, кои со години се столб на хуманоста.

Нивната посветеност е тивката сила што го држи општеството исправено особено кога станува збор за најчувствителните групи.
Тие се доказ дека технологијата, инвестициите и развојот добиваат вистинско значење само тогаш кога се насочени кон луѓето.
Преку ваквите проекти, MINT Fintech Group продолжува да го шири својот општествен импакт вложувајќи во системи за безбедност, грижа, модернизација на услугите и паметни модели на поддршка кои отвораат можности за подобар живот.
Дневниот центар за активно стареење е само почеток.
Во заедницата во која технологијата, институциите и хуманоста се спојуваат секогаш создава нешто поголемо од себе.

