Рамноправноста на дело: Mint Fintech Group гради патека за еднаква иднинa

Родовата еднаквост која значи еднакви можности за сите и целосна инклузија во систем каде повеќе од 70% од вработените се жени, е еден од темелните принципи на Mint Fintech Group.

Марјан Вучковиќ, нашиот маркетинг менаџер, учествуваше како панелист на панел дискусијата -Мажите во дијалог, кон креирање на (родова) еднаквост во бизнисот, што се одржа на 25.03.2024 во организација на European Bussines Association & Europe House Skopje.

Тој во своето обраќање истакна дека “На еднаквоста мора да работиме сите заедно, државата, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, со цел спроведување на услови за родова еднаквост, а не само декларативна заложба.”

Mint FG продолжува со градење на инклузивна работна средина за сите и пример за останатите бизниси да го следат нашиот пример.

MintApp нуди напредни решенија кои го поедноставуваат и подобруваат вашето секојдневно управување со финансии. Со иновативни функционалности и безбедни технологии, оваа апликација го носи финансирањето на следното ниво.

mint_app