Сите патишта водат кон Mint Fintech Group – сега и во Гостивар со целосна услуга

MINT како сеопфатен финансиско технолошки центар, кој се разгранува во различни домени како дигитални плаќања, кредитирање, размена на валути, инвестициски решенија, осигурителни услуги и финтек инкубатор за нови стартапи, со подбрендовите, Mint Credit, Mint Ins, Mint Exchange кои развиваат нови технолошки решенија за плаќање и осигурување, ги проширува своите услуги и во Гостивар.

За своите клиенти од регионот новата експозитура на MINT нуди размена на сите светски валути со најконкурентни курсеви и професионална услуга, како и осигурителни производи: осигурување на возила, имотно осигурување, патничко осигурување, приватно здравствено осигурување и животно осигурување.

Канцеларијата е отворена секој работен од 08:00 до 18:00 на Булевар „Гоце Делчевбр.102 во близина на Центарот за култура АСНОМ во Гостивар.

„Претстојните наши проекти, како партнер за модерни финансиски решенија и една туристичка платформа која носи иновации во таа сфера, се насочени кон интегрирање на финансиските услуги со потребите на животниот стил, правејќи ги финансиите подостапни и попријатни за корисниците. Наша цел е да бидеме осигурителен брокер и менувачница познати по нашата агилност, креативност и способност да испорачаме исклучителни позитивни искуства на клиентите.“, велат од Mint Fintech Group.

Повеќе информации може да добиете на следниве телефонски броеви: 076309444 и 078283007

MintApp нуди напредни решенија кои го поедноставуваат и подобруваат вашето секојдневно управување со финансии. Со иновативни функционалности и безбедни технологии, оваа апликација го носи финансирањето на следното ниво.

mint_app