Зад секој успех стојат луѓе: MINT Fintech Group ја одржа традиционалната „Ноќ на оскарите“

Не секој дијамант се копа…

Некои се создаваат со години посветеност, илјадници работни часови, решени предизвици, добри идеи, тешки одлуки и тимови што остануваат заедно и кога е најпредизвикувачки.

Токму затоа MINT Fintech Group секоја година организира вечер посветена на луѓето.

Луѓето кои продаваат, организираат, креираат, анализираат, решаваат проблеми, поддржуваат и секој ден оставаат дел од себе во приказната наречена MINT.

На традиционалната „Ноќ на оскарите“, компанијата им оддаде признание на вработените кои со својата работа, посветеност и професионалност ја одбележаа 2025 година.

Добитници на годишните признанија се:

  • Елена Матеска – Менаџер на годината
  • Ивана Талевска – Личност на годината во Back Office
  • Виктор Дамчевски – Личност на годината во сектор Продажба
  • Правна служба – New Star
  • Александар Сирета – Креативна личност на годината
  • Ангела Димовска – Минтист на годината
  • Валдета Мусаи Фејзуловска – Минт Тимски играч
  • Виолета Ѓорѓиевска – Омилена колешка на годината

Во рамките на вечерта беа доделени и традиционалните дијаманти за петгодишен работен јубилеј во компанијата. Ова признание годинава го добија:

  • Орхан Максудов
  • Ева Ружин
  • Јане Ангелевски
  • Анита Цветковска
  • Даниела Тодорова
  • Емилија Добрушевска
  • Васко Донески
  • Александар Угриновски
  • Дијана Трајковска

Посебен емотивен момент на вечерта беше доделувањето на Орденот за храброст на Светлана Сотировска, признание кое потсетува дека најголемите победи во животот не секогаш се случуваат со план, но секогаш заслужуваат почит.

„Ноќ на оскарите“ е повеќе од церемонија на награди. Таа е потсетник дека компаниите не ги градат зградите, технологијата или процесите.

Ги градат луѓето.

Луѓето кои знаат дека успехот никогаш не е индивидуален спорт и дека најголемите достигнувања се резултат на доверба, посветеност и заедничка визија.

Благодарност до секој член на MINT семејството.

Најдоброто допрва доаѓа.

MintApp нуди напредни решенија кои го поедноставуваат и подобруваат вашето секојдневно управување со финансии. Со иновативни функционалности и безбедни технологии, оваа апликација го носи финансирањето на следното ниво.

mint_app